Ѕвездата на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо полека почна да ја враќа својата вистинска форма, откако постигна 10 гола во последните шест натпревари за тимот. Неговата серија започна со победата од 7-1 против Депортиво Ла Коруња.
Големиот момент на Кристијано беше во првиот натпревар од Лигата на шампионите против Пари Сен Жермен на „Сантијаго Бернабеу“ кога постигна два гола во победата од 3-1.
Португалецот потоа постигна еден гол во победата на Реал Мадрид со 5-3 на синоќешното гостување кај Реал Бетис на „Бенито Виљамарин“ од 24-тата рунда од Ла Лига и на овој начин, Роналдо се изедначи со легендата „белите“ Раул Гонзалес. Сега двајцата имаат постигнато голови по 264 голови во белиот дрес.
Реал М. со петте погодоци во мрежата на Бетис, стана првиот клуб во историјата на Примера дивизион што постигнал 6.000 погодоци во елитното шпанско фудбалско друштво.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мајката на Португалецот објави интересна фотографија: Роналдо е целиот на баба (фoтo)
-
Необичен момент пред шутот на Роналдо: Топката се подига пред ударот (видео)
-
Продолжува мизеријата на Реал: „Кралевите“ елиминирани од Купот на Шпанија на сред „Бернабе“(видео)
-
Нов кикс на Реал Мадрид, Селта му извлече бод на фаворитот (видео)