| четврток, 6 декември 2018 |

Страшна глетка: Напаѓачот на Галатасарај колабираше на теренот (видео)

Напаѓачот на Галатасарај, Бафетимби Гомис, се најде во центарот на вниманието на денешното гостување кај Касимпаша во турската Суперлига.

Некогашниот француски репрезентативец во седмата минута од мечот се сруши на теренот, по што следуваше голема паника. Иако глетката беше и повеќе од страшна, Гомис по укажаната помош на лекарите, сосема нормално го продолжи натпреварот и ги одигра сите 90 минути.

Многумина не знаат дека Гомис има ретка срцева болест која не го спречува да се занимава со фудбал, но истата на моменти умее да го прекине протокот на крв во мозокот и да предизвика тешки последици.

За среќа, се заврши добро за францускиот интернационалец, а и покрај неговиот придонес на теренот, Галата го загуби овој меч со 2-1.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top