Вистинска љубовна еуфорија владее деновиве. Повеќе од 1500 писма се испратени досега како дел од кампањата „Испрати љубов“ која по повод Денот на вљубените. „Љубовната пошта“ работи континуирано и посветено, со цел да ги достави сите романтични пораки на посетителите до адресата на нивните сакани.
Сите вљубеници во пишаниот збор, но и сите оние што сакаат да го вратат духот на традицијата на испраќање љубовни писма, тоа можат да го направат уште денеска. Учесниците во оваа кампања ќе имаат можност да изберат една од 10те дизајнирани љубовни картички изложени во Љубовната пошта, да напишат романтична порака до партнерот и да ја вметнат во адресиран плик, а поштарите истата ќе ја достават во текот на наредниот ден, директно до примателот.
Во овој динамичен и брз начин на живот во кој доминира дигиталната технологија, вистинска реткост е рачно напишано писмо, што како практика, навистина е единствена и од непроценлива вредност. Затоа овој Ден на вљубените изнесете ги вашите најубави, најискрени и најчисти емоции на парче хартија и освојте ја вашата љубов одново.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.