| четврток, 6 декември 2018 |

Меркел од Давос: Конкурентноста бара евтина работна сила

Во ЕУ живеат 7 проценти од светската популација, а кога растот повторно ќе почне, ЕУ ќе остварува 25 проценти од светското БДП. Половина од тоа одат на социјални трошоци, вели Меркел.

Германската канцеларка Ангела Меркел во обраќањето на Светскиот економски форум во Давос се осврна на потребата од развој на конкурентноста.

-Се уште не сме го достигнале посакуваниот степен во конкурентноста. Се уште имаме тенденции на заштита во светската трговија.

Покрај економските, тема за разговори во Давос се и барањата на Лондон за враќање од Брисел некои надлежности назад во националните институции, кој што се условуваат и со напуштање на ЕУ. Обраќајки се кон британскиот премиер Камерон, кој во Давос исто зборуваше за конкурентноста, Меркел рече: -Сакаме да бидеме колку што можеме поконкурентни. Мора да се договориме како единствениот пазар мора да изгледа за да не препознаваат како глобални играчи.

Сепак Меркел вели дека за да се постигне големата слика и да се постигне конкурентноста како предуслов за раст, мора да постои и договор за цената на работната сила

-Националните парламенти мора да дадат легитимитет за зацртаните цели, на пример околу трошоците за работна сила. Земјите членки треба да влезат во обврзувачки договори со Комисијата за да се подобрат елементите за конкурентноста. …Во Германија невработеноста мораше да  стигне до 5 милиони, пред луѓето да прифатат структурални реформи. Европа има 7 % од светската популација, доколку економскиот раст повторно почне ќе имаме 25% од глобалното БДП, но ќе имаме 50% од социјалните трошоци. Ако не ги намалиме трошоците за работната сила нема да можеме да останеме конкурентни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top