| четврток, 6 декември 2018 |

Баба зависник од компјутерски игри, најомилена и е ГТА

видео игри

Американката Хилда Кнот иако е баба во поодминати години, ужива да игра компјутерски игри. Вели дека тоа и помага да остане ментално активна.

Кнот наскоро ќе го прослави 86-от роденден, а игра видео и компјутерски игри веќе 40 години. Најомилена и е играта ГТА.

– Уживам пронаоѓајќи нешто ново, нешто што првпат не сум забележала – вели Кнот за играта ГТА.

Видео игрите се почесто се користат како еден од начините за помош кои старите луѓе ја одржуваат менталната активност, а експертите предвидуваат дека до крајот на оваа година првпат во историјата ќе има повеќе жени кои ќе играат игри, отколку мажи.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top