| четврток, 6 декември 2018 |

Во Хрватска ќе се отвори центар за лекување со медицински канабис

Во Хрватска наскоро ќе биде отворен првиот европски центар за лекување со медицински канабис. Центарот ќе биде лоциран во реонот на бањата Свети Мартин, северна Хрватска.

Терапијата со канабис првенствено ќе биде наменета за хронично болни лица и ќе трае три недели, додека од април центарот ќе биде достапен и за други лица.

– Тука нема ништо незаконско, маслото од канабис ќе се користи само за медицински цели, соопштија од Центарот.

Лекувањето ќе чини околу 400 евра дневно, но и покрај високата цена постои голем интерес за третманот со медицински канабис. Центарот очекува гости од Европа, САД и од арапските држави.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top