| четврток, 6 декември 2018 |

Сигурносните снимки ги откриваат шокантните последни моменти на манекенката која е пронајдена гола и мртва!

Младата манекенка Ивана Смит (18) на 7 декември 2017 година, пронајдена е мртва во Куала Лумпур во Малезија. Таа е најдена гола по падот од 14 спрат, после свингерската забава која ја приредил еден американски пар, пренесува Дејли меил.

Ивана градела успешна кариера на модел и додека локалните полицајци рекле дека несреќата во која го изгубила животот ја предизвикале дрогата и алкохолот, британски приватен детектив тврди дека случајот може да се третира како убиство.

Холандски патолог тврди дека младата девојка била мртва пред да падне, односно дека  е фрлена од терасата. Ивана на рацете имала модрици кои не ги предизвикал падот, што покажува дека пред смртта имало борба.

Во јавност се појави и снимка, како пред несреќата Ивана на Раце ја изнел Александар  Џонсон, основач на компанијата за криптовалути со седиште во Куала Лумпур.

Околу 7.30 часот Ивана на пријателка и пратила селфи со сопругата на Џонсон, Луна, а два часа подоцна паднала од тераса. Нејзиното тело било голо, а пронајдена е неколку часа подоцна. Се уште не се пронајдени нејзините чевли и долна облека.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top