Двата денешни скопски земјотреси со магнитуда од 2,3 степени според Рихтеровата скала, во временско растојание од 8 часа биле од истото епицентрално подрачје, во близина на Соње.
Директорот на Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС) Михаил Гаревски вели дека се поврзани со земјотресот со магнитуда 5 што се случи во Скопје во септември 2016 година.
-Се работи за истиот расед, истото подрачје каде во 2016 имаше силен земјотрес. Тоа е расед кој оди до Арачиново и вакви слаби потреси се нормална макросеизмичка активност или редистрибуција на напрегањето од 5 степени по Рихтер. Ваквите потреси ги забележуваат само исклучително чувствителни луѓе, кај поголемиот дел од популацијата поминуваат незабележано и не предизвикуваат штета. Таков беше и денешниот земјотрес во Охрид, со магнитуда од 2,1, изјави за „Макфакс“ директорот Гаревски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


