| четврток, 6 декември 2018 |

По тепачките за „Нутела“, „војна“ и за евтини пелени (видео)

По крвавите турканици и кубењето коси за кремот „Нутела“, сега Французите во супермаркетите се истепаат и за евтини пелени.

Само неколку дена по неодоливиот сладок попуст за чоколадниот крем, и намалението на детски пелени во супермаркетот „Интермаша“, докажа дека цената ги менува луѓето и нивните манири.

Имено, трговскиот ланец ја намали цената од 21 евро за големо пакување пелени на седум евра и купувачите повторно ги покажаа своите примитивни нагони.

– Беше страшно, работите излегоа вон контрола. Пред вратите имаше 250 луѓе и пред да отвориме. Жените се тепаа, па моравме да повикаме полиција, изјави шефот на продавницата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top