
На огласите што ги објави денеска Владата за именување директори и нивни заменици во повеќе државни управи, агенции, дирекции, фондови, можат да се пријават сите граѓани кои ги исполнуваат условите, вели владиниот портпарол Миле Бошњаковски.
Огласот, укажува, е објавен јавно за сите граѓани на Република Македонија, кои ги исполнуваат условите. Може да се пријават сите, рече Бошњаковски, одговарајќи на новинарско прашање дали огласот е за именување на сегашните вршители на должности на раководните позиции во институциите опфатени со огласот.
Со огласот, Владата бара директори во Управата за јавни приходи, Царинската управа, Бирото за јавни набавки, Центарот за управување со кризи, управите за извршување санкции, за водење на матичните книги, агенциите за храна и ветеринарство, за филм, Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, Фондот за здравствено осигурување,
Нов директор, меѓу останатите, треба да добие и Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, откако вчера од таа функција Владата го разреши Александар Донев, заради, како што образложија, несовесно и невнимателно работење.
Со огласот се опфатени повеќе инспекторати, агенции, дирекции, заводи и фондови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


