| четврток, 6 декември 2018 |

Нимиц доаѓа во Скопје, владата треба да се изјасни за предлогот

Медијаторот Метју Нимиц по кратката посета на Атина од која произлегоа само протоколарни средби со грчкиот државен врв, доаѓа на посета и на Македонија.

Тој исто така се очекува во Скопје да се сретне со македонската политичка елита со цел да се допрецизира начинот на кој ќе продолжат преговорите меѓу двете страни, како и да добие информации за ставот на Владата на Зоран Зора кој ќе треба да го пренесе изградениот ставо околу неговиот последен пакет предлог кој беше понуден неодамна во Њујорк под посредништво на Обединетите нации.

Во Грција веќе нашироко преку медиумите се говори за тоа кој предлог од вкупно петте за ново сложено име на Македонија е веќе прифатено иако од страна на официјалните власти во Атина такви најави засега нема,ниту пак некој од македонска страна ги премина границите за да влијае негативно врз целокупниот процес.

Се додека постои можност за достоинствено решение македонската влада ќе биде вклучена во преговорите и тоа е заеднички изградена позиција барем засега.

Нимиц пристигнува од Атина каде што по разговорите со шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас оцени дека „постои моментум“, односно дека е време за носење одлуки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top