| четврток, 6 декември 2018 |

Како би изгледала нова Југославија: 53 светска сила со големина на Британија (видео)

Во декември 2018 година ќе се навршат 100 години од Кралството СХС, односно првата Југославија. Оваа држава денес не постои па претставува интересна тема во стилот на „што би било, кога би било“. Една таква анализа направи авторот Џозеф Писенти – како би изгледала реунифицирана Југославија?

Авторот Џозеф Писенти се поигра со идејата за повторно раѓање на Југославија, анализирајќи ги евентуалните факти кои би ги чинеле ново-старите основи на државата.

Прв проблем на кој наишол е колку држави би ја сочинувале новата Југолавија, шест или седум. Секако тоа зависи од тоа кого би го прашале, државите кои го признале Косово или државите кои не ја признале некогашната српска покраина.

Не влегувајќи многу во историјата на распадот на Југославија, тој потсетува дека околу 2,4 отсто од територијата на Босна и Херцеговина се уште лежи на мини, токму поради војната за независност.

Ако Југославија по некое чудо повторно се роди би имала близу 21.412.000 жители, што ја става во 10-те најголеми држави во Европа кога е во прашање популацијата. Југославија би го заземала осмото место, зад Полска и пред Романија.

Познатиот јутјубер потсетува дека новата Југославија би имала помалку жители отколку во 1991 година кога се забележани 23.230.000 жители. Исто така, потсетува дека сите сегашни држави, освен Македонија, имаат негативен природен прираст.

Етнички, Југославија би ја чинеле 35 отсто Срби, 20 отсто Хтвати, 11 отсто Албанци, 9 отсто Бошњаци, осум отсто Словенци, шест отсто Македонци, еден отсто Црногорци и 10 отсто останати.

Религиски, Југославија би ја чинеле 43 отсто православни, 27 отсто католици, 22 отсто муслимани и осум отсто атеисти и други помали верски групи.

Големината на Југославија е колку Велика Британија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top