Македонската заедница во Велика Британија денеска одржа протест пред зградата на Европската Унија во Лондон, каде што организаторите имаа и поздравни говори.
Македонците во Европа се обединети против промена на името на државата и идентитетот на нацијата, со барање за крај на разговорите со Грција и продолжување на членството во Обединетите Нации и сите меѓународни организации под државното име Македонија.

Тие исто така се против донесување на Законот за употреба на јазиците со цел двојазичност на територијата на Македонија и во нејзините меѓународни односи и редефинирање на унитарноста и државноста на Македонија, како и против ратификација на Договорот со Бугарија, којашто не ги признава Македонците и уредува формирање на меѓудржавна комисија за ревизија на македонската историја.
Бараат и безусловно ослободување и помилување на сите притворени и осудени за настаните од 27 април 2017 година во Собранието на Македонија и на Едмонд Темелко.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


