| четврток, 6 декември 2018 |

Колку е гадно да се јаде снег?

Колку и да е романтично и лигаво да се јаде снег на убав сончев зимски ден некаде на планина, каде што се е бело и чисто, па уште и ако Понтерест ве опсипе со уште поромантични и малку алкохолизирани ментол-идеи за јадење снег во пар, вистината е вистинска гадна бљак шлаканица.

И малите деца нема да пружат рака по жолт или каллив снег напаѓан во град. Но, и недопрената снежнобела снегулка која доаѓа директно од небото сигурно ќе ве замисли. Но, таа е многу повеќе од замрзната вода.

Во 2016 година, истражувачите од Универзитетот Мекгил откриле дека како што паѓа снегот, тој ги впива загадувачките материи од воздухот, вклучувајќи ги честичките од издувните гасови на автомобилите. Авторот на студијата  Париса А. Aрија, раководител на Одделот за атмосферски и океански науки на Универзитетот Мекгил, вели дека тоа е доволно за да ги одврати своите деца од јадење снег во урбани центри.

Колку што е подалеку од извори на загадување, толку помалку гареж има во снегот. На планина, на пример, снегот е речиси беспрекорен, пишува во една студија објавена во списанието на животната средина наука и технологија, но содржи голем број пестициди.

Најлошото што може да се случи

Ако случајно зграпчите снег загаден со измет од животни, дури и да не се гледа, можете романтично да закачите ешерихија коли. Постојат докази дека долгорочна изложеност на високи нивоа на некои од токсини може да се направи големи штети на вашето здравје – бензенот од горивата и цигарите ја оштетува функцијата на клетките, го уништува имунолошкиот систем и предизвикува леукемија. Толуенот, исто така го има во бензините, го оштетува централниот нервен систем. Некои земјоделски пестициди предизвикуваат хормонски дисбаланс, па секундарно влијаат врз репродуктивните способности. За да си навлечете олкава беља, доволни се неколку залчиња снег.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top