Грчкиот премиер, Алексис Ципрас вели дека неговите европски партнери не можат секогаш да проценат колкави се и какви се предизвиците од живеење со агресивен сосед, каков што е Турција. Ова Ципрас го кажа во рамки на дебатата за стабилизирање на Медитеранот и решавање на мигрантската криза.
Тој вели дека застанал на чело на грчката Влада во исклучително тежок период за земјата, која не само што морала да се справи со наголемата должничка и миграциска криза, туку и со агресивниот сосед кој понекогаш е непредвидлив со неговите агресивни воени активности во Егејското море.
Ципрас рече дека договорот меѓу ЕУ и Турција за запирање на мигрантскиот прилив од март 2016 година бил „тежок, но неопходен“. Додава дека за Грција е многу важно да се почитува договореното, да не се крши меѓународното право и да не се загрозуваат грчките национални интереси.
– Во исто време мораме да донесеме одлука што ќе правиме со новото агресивно однесување на Турција, рече тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.