| четврток, 6 декември 2018 |

Раул: Одигравме добар меч, но немавме среќа во последните 15 минути!

По одигрувањето на претпоследниот натпревар во групата во Вараждин, македонската ракометна репрезентација нема шанси за полуфинале. Несреќниот пораз од Чепка со 24-25 го коментираше селекторот Раул Гонзалез.

„Одигравме добар натпревар, но немавме среќа во последните 15 минути. Имавме шанса да играме за петто и шестот место, но сега тие шанси ни се минимални. Нашата шанса беше денес, утре ќе биде поинаков натпревар“, изјави Раул.

Веднаш по натпреварот и обврските кон новинарите, нашата експедиција се враќа во својата база во хотелот „Свети Мартин“, каде ќе го подготвува утрешниот натпревар со Данска. Почетокот е закажан од 18.30 часот, по соочувањето на Словенија и Чешка, а пред мечот на Шпанија и Германија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top