На натпреварите против Чешка и Данска коишто се играат утре и задутре во Вараждин на клупата на Македонија ќе го нема Роберто Гарсија Парондо. Тој се врати во Скопје, а новиот член на стручниот штаб кој ги води средбите нема да биде Хота Гонзалес со оглед на тоа што не е пријавен навреме и не може во текот на првенството да се прават промени на лиценци за водење на натпревар.
Хота Гонзалес не беше меѓу осумте пријавени лица пред почетокот на првенството и според тоа на дуелите против Чешка и Данска стручниот штаб на Македонија на теренот ќе биде во состав: Раул Гонзалес, Милчо Чакарески, Димитар Маневски и најверојатно Александар Царчев. Тој досега беше на трибините, па сега ќе добие можност со своите совети да помага и од клупата.
Ракометната федерација на Македонија се обидува да го вклучи Хота Гонзалес во официјалниот список, и ако успее тогаш ќе седи на клупата. Во спротивно ќе треба да седи на трибините заедно со резервните играчи и останатиот дел од стручниот штаб.
Хота Гонзалес ќе може да му помага на Раул за време на тренинзите, а дали тоа ќе биде доволно за да може да го надомести отсуството на Парондо ќе се види веќе утревечер кога од 20:30 часот Македонија ќе ги одмери силите со Чешка. Дуелот против Данска се игра в среда од 18:15 часот.
Како што е познато, доколку Македонија успее да оствари две победи тогаш има сигурен пласман во полуфиналето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


