Денеска во Солун, во населбата Камара се одржа протест на левичарски движења и анархистички организации против национализмот. Ова не остана незабележано од симпатизерите на профашистичката партија во Грција Златна зора, која ги нападна левичарите.
Според грчките медиуми, поединци во фантомки фрлија молотови коктели на еден напуштен објект каде што се наоѓале припадниците на овие левичарски и анархистички организации. Според сведоци, луѓето во фантомки извикувале слогани за Македонија. По предизвиканиот пожар интервенирале 15 пожарникари и 7 противпожарникарски возила.
За овие активисти „национализмот значи крв, насилство, војна и смрт, а фашистите секаде во светот говорат ист јазик“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст