
Ракометарите на Данска ја забележаа и втората победа во новоформираната група 2, на Европскиот шампионат што се одржува во Хрватска.
Актуелните олимписки шампиони Данците вечерва во вараждинската „Арена” го победија европскиот првак Германија со 26-25 полувреме 9:8.
Ханс линдберг со 9 постигнати голови и Микел Хансен кој средбата ја заврши со 5 постигнати гола, беа предводници на Данците во ваа победа.
Со оваа победа Данска изби на првото место на табелата со 6 бода,пред Германија која има 4, но двете селекции веќе одиграа по две средби од оваа фаза на шампионатот.
А, вечерва, во оваа група, својот прв меч ќе го одиграат и селекциите на Македонија и Шпанија.
Двете репрезентации започнуваа во оваа фаза со по два бода колку што има и Чешка со средба повеќе, односно Словенија која е последна без бод.
Дуелот Македонија – Шпанија започнува од 20 часот и 30 минути.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


