Кристијано Роналдо сепак нема да ја заврши кариерата во Реал Мадрид, како што изјавуваше пред извесно време. Португалецот не добива нов подобрен договор од „кралевите“ и токму тоа го расипа односот помеѓу него и претседателот Флорентино Перез.
Роналдо е најдобриот фудбалер за 2017 година во светот, но не е најплатениот во светот. Тоа му смета на Португалецот, кој смета дека заслужува плата колку и Лионел Меси, кој со новиот договор во Барселона ќе заработува 43 милиони евра по сезона. Ѕвездата на Реал Мадрид моментално има двојно помала плата.
Според новите шпекулации во шпанските весници, Реал Мадрид наводно му соопштил на Роналдо дека на лето може да си бара нов клуб. Ова веднаш ги стави на готовс Манчестер јунајтед и ПСЖ, кои се заинтересирани за неговите услуги.
Роналдо сигурно ќе има и неверојатно богати понуди од МЛС-лигата, но од кинеската Суперлига, но приоритет на Португалецот е да остане во Европа помеѓу елитата. Неговата цена ќе биде околу 100 милиони евра, но останува да видиме дали шпекулациите ќе се остварат и освојувачот на „Златната топка“ навистина ќе го напушти „Сантијаго Бернабеу“ во летниот преоден рок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


