Македонија беше пријатно изненадување во првиот дел на Европското првенство во Хрватска, но тие свои добри изданија ќе мора да ги потврди и во втората фаза ако сака да дојде до нов историски пласман. Еден од нашите противници во Вараждин ќе биде Данска, држава која секогаш имала квалитетни ракометари и играчи кои одбележувале одредени ери. Еден од нив е секако Ларс Кристијансен кој се пензионираше пред неколку години, но активно ги следи сите случувања во овој спорт и е присутен во Хрватска.
Тој во живо од трибините го проследи триумфот на своите сонародници над Словенија, а притоа и даде интервју за „Балкан Хедбол“ во кое зборуваше и за Македонија и нашите шанси за успех во новиот дел од првенството.
–Успехот на Македонија не ме изненади, тие го играат тоа што го играат со години наназад. Сите знаат дека тие така играат, дека се добар тим, способен да ги победи и најдобрите. Ама нивниот најголем проблем е што не играат со 16 играчи, кратки се во ротацијата што значи многу се трошат. Не се млада екипа, ама тоа не мора да биде недостаток. Од моја перспектива Данска мора да ја победи Македонија -вели Кристијансен и додава:
–Дали Македонија има шанси за полуфинале? Да секако, ништо не е невозможно. Ама за да успеат мора да играат многу, многу добро, над своите реални способности. Никој не очекуваше Чешка да ги добие Данска и Унгарија, ама ете се случи. Тоа е доказ оти турнирот е отворен и не е паметно да се прогнозира. Според мене, сепак полуфиналето е претешка задача за македонските квалитети -заклучува некогашното лево крило на Флензбург.
Извор: Дерби
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


