Репрезентацијата на Македонија денеска замина за Вараждин каде што од утре почнува вториот круг на ЕП со средбите од групата 2. Денеска ракометарите беа расположени после одличните резултати, па сите очекуваат таквата атмосфера да продолжи и во иднина.
Во моментите кога автобусот со ракометарите се подготвуваше да тргне од пред хотелот каде што беа сместени во изминатата недела во автобусот на Македонија се најде нов голман. Македонија можеше да добие засилување во голманот на Монпеље, Винсен Жерар кој помисли дека тоа е нивниот автобус, па ги поведе колегите.
Сепак, кога виде дека на првото седиште во автобусот е Раул Гонзалес мораше да се симне и да продолжи кон салата во „Дом спортова“ каде што денеска требаше да тренира селекцијата на Франција.
Во секој случај доволно интересен момент за сеир кај колегите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


