Европската ракометна централа ги заборави македонските ракометари во изборот за најдобриот тим на првата фаза на Европското првенство во ракомет во Хрватска. И покрај тоа што многу наши ракометари инидуално се меѓу најдобрите (Лазаров е меѓу тројцата најдобри асистенти, а двајца наши ракометари се меѓу најдобрите десет стрелци), сепак изборот падна на други ракометари. Во тимот на првата фаза место има за Апелгрин (Шведска), Генсхајмер (Германија), Зарабац (Словенија), Здрахала (Чешка), Нилсен (Шведска), Мем (Франција) и Бјорнсен (Норвешка).
гол.мк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


