Германското десно крило Патрик Грецки имаше можност да и донесе победа на Германија, но благодарение на добрата игра во одбрана на Дејан Манасков, Грецски не успеа да дојде до можност за да упати удар кон голот на Борко Ристовски.
Грецки во изјава за медиумите ја опиша и случката 10 секунди претходно, кога нашиот пикер Столе Стоилов промаши зицер, односно германскиот голман Хајневетер успеа да одбрани на чудесен начин.
Грецски одбраната на германскиот голман ја нарече „луда“.
– Хајневетер не врати во игра за победа со луда одбрана, но не го искористивме тоа, вели Грецки.
Германското крило додава дека на тајм-аутот се договарале да создадат позиција за удар, но не успеале.
-Штета што не освоивме два бода од овој натпревар, истакна Грецки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


