| четврток, 6 декември 2018 |

Кречмар за македонската борбеност: Секоја чест, одигравте мудар меч

Легендата на германскиот ракомет, Стефан Кречмар будно го следеше секој момент од денешнот натпревар на неговата репрезентација против Македонија. На полувреме, неговата анализа гласеше дека македонските „бикови“ (алудирајќи на Стоилов и Пешевски) во средината на теренот се најголемиот проблем на одбраната на Кристијан Прокоп.


Завршните неколку минути донесоа надмудрување на двете страни, по кое немаше победник. Германецот испрати комплименти на сметка на нашиот национален тим, за кој вели дека одигра борбен и мудар натпревар.

Кречмар се искачи на врвот на Европа во 2002 година во дресот на Германија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top