| четврток, 6 декември 2018 |

Нимиц не ја открива содржината на предлогот по состанокот во Њујорк

Посредникот на ОН во разговорите за името Метју Нимиц изјави дека на преговарачите им дал нов предлог кој е всушност нова комбинација од неговите стари идеи и дека очекува тие со нивните Влади да го разгледаат.

Нимиц одби да ја коментира содржината на предлогот кој им го дал на преговарачите.

– Имам големи надежи дека овој процес се движи во позитивна насока, изјави вечерва во Њујорк Нимиц по разговорите со претставниците на двете земји Васко Наумовски и Адемантиос Василакис.

Во следнте недели Нимиц ќе ги посети Скопје и Атина за да види што луѓето мислат.

Нимиц се надева дека лидерите на опозициските партии во Грција и Македонија ќе бидат конструктивни, затоа што тие се многу важни учесници во политичкиот живот на земјите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top