| четврток, 6 декември 2018 |

Ахмети приватно го чествуваше Скендербег, државата прослави во Собранието

Само министрите и функционерите од ДУИ присуствуваа на денешниот собир по повод 550-годишнината од смртта на Ѓерѓ Кастриоти – Скендербег. Меѓу нив беше претседателот на Собранието, Талат Џафери, министрите во Владата од ДУИ, косовскиот амбасадор во Македонија.
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети изјави дека претставници од другите албански партии во Македонија биле повикани на манифестацијата, но не одговараше на новинарски прашања. Функционерите на ДУИ положија цвеќе пред споменикот на Скендербег, под кој имаше албанско знаме, а интонирана беше албанската химна.
Прославата на годишнината од смртта на Скендербег започна со двојазична поштенска марка со ликот на Ѓорѓ Кастриот и на која името на државата Република Македонија е испишано само на латинично писмо издадена од Македонска пошта.

На Македонска пошта ѝ се брза спроведувањето на Законот за јазиците: Издадена двојазична поштенска марка со Скендербег

Директорот на Македонска пошта Фаадис Реџепи тврди дека марката е издадена според закон и внатршените уредби на поштата, но не сакаше да открие дали е применет новиот закон за албански јазик кој не е стапен во сила, или пак кој друг закон пропишува државни двојазични поштенски марки и латинично писмо за името на државата.

Ниту Талат Џафери, иако е дел од законодавниот дом, не кажа кој закон е применет кај спорната марка.

-Македонски пошти си има управен одбор си имаат правила, вели Џафери, кој беше покровител на државното чествување на 550-годишнината од смртта на Скендербег, која днеска почна со свечена академија токму во парламентот. Наспроти пораката на двојазичната поштенска марка, алабанските и македонските историчари беа обединети во пораките дека Кастриот бил заеднички лик во албанската и македонската историја, а испраќал порака и со заедништво.

-Тој е и еден Ѓерѓ христијанин, еднаш католик, еднаш православен, но еден Скендербег муслиман. Скендербег му зборува и на Балканот, праќајќи порака за мир и соживот меѓу народите, изјави Скендер Асани, директор на Институтот за духовно наследство на Албанците.

-Единствен лик со кој може да се спореди од овие простори е Александар Македонски по кој и го добил името…Скендербег и за нас Македонците е значаен лик во броба против османлиите на макеоднска територија особено во дебарската област, смета академик Драган Ѓорѓиев.

 

550 години од смртта на Скендербег, Собранието одлучи да стане дел од државната програма за одбележување на настани и лица пред нова година. Чествувањето ќе заврши во ноември кога ќе се одбележува Денот на албанската азбука.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top