| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија нудела 1 милион евра за парче облека на Охридски Епископ

Контроверзниот вечен директор на Бугарскиот национален историски музеј и екс – министер Божидар Димитров со ново контроверзно тврдење.

Според него Македонските служби им нуделе на бугарски граѓани 2 милиони лева (1 милион евра) за да го откупат парчето облека која му припаѓала на Епископот Синисеј кој живеел во 19 век.

Македонските служби имаат успех во нивните намери затоа што бугарските граѓани сакаат пари и ги продаваат документите и артефактите во своја сопственост но има и екстремни патриоти кои што не сакаат пари.

Така според Димитров Националниот историски музеј дошол до ткн. Омофора на Епископот Синисиј. Поред него откако семејството кое бил во посед на ова парче свештена облека било контактирано од Македонските служби и им биле понудени 2 милиони лева тие наместо да го продадат истото го предале во владение на директорот Димитров без парична надокнада

Македонците според Димитров на тој начин пред повеќе од 20 години успеале да ја откупат целата архива на Димитар Беровски, лидерот на Кресненското и Разловечкото востание.

Дури ни Бугарските комунистички служби не знаеле за операцијата на македонските агенти . За тоа се дознало дури откако архивата била пренесена во Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top