Том Кристенсен му ја донесе деветтата победа по ред на Ауди, на легендарната трка „24 часа Ле Ман“, а ова издание мина во сенка на трагичниот настан од вчера, кога на самиот старт, загина Алан Симонсен.
Неговиот сонародник од Данска прв ја мина целта и веднаш изјави дека му ја посветува победата на трагично загинатиот возач на Астон Мартин. Симонсен во третиот круг удри во заштитната ограда, а не помогна ниту лекарската интервенција, за да се спаси 34-годишниот Данец.
Кристенсен во остатокот од трката на аудито го имаше данското знаме на кое беше испишано името и презимето на Алан Симонсен.
Ова е прв смертен случај на легендарната трка по 15 години, а во 1997 година животот го загуби Себастијан Енхорлас.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



