Илјадници имигранти што живеат илегално во помошните остави во градините се соочуваат со иселување, а сопствениците со големите парични казни откако советот ги откри со користење на термална мапа направена од воздух.
Советот на Слоу Бороу потроши 24,000 фунти за испраќање на авионот со термална камера за да се обезбеди прецизна 3-Де мапа за секоја зграда во градот Беркшир. Инфрацрвени сензори монтирани на авиони ја регистрираат секоја емитирана топлина, што е знак дека луѓето би можеле да живеат во објектите.
Така е создадена евиденција со листа на осомничени живеалишта. Советот проценува дека до 3000 луѓе живеат илегално во Беркшир. Многумина плаќаат околу 100 фунти неделно за да живеат во набрзина изградени шупи изработени од евтини материјали, направени без безбедност инспекции и немаат вода или греење. Претежно се издаваат на возрасни или парови без деца со ниски примања.
Проблемот според локалните власти е голем бидејќи ниеден од „газдите“ не платил данок. Пренаселеноста создава дополнителен притисок врз целото живеење, од потрошувачка на енергенси, до паркинг простор, велат од општината.
За дел од објектите кои од шупи се пренаменети во домови се смета дека се совршено погодни за живот, но други се оставени во истите услови, само што се ставени кревети, па нивните сопственици ќе бидат под притисок за измена на нивната употреба или ги отстранат.
Овие локални власти се едни од малкуте на кои биле дадени над 200.000 фунти од Владата за да се подобрат условите во заедничките домови и намалување на бројот на шупи кои илегално се користат за домувања без дозвола.
Долгорочно, термичката мапа ќе се користи за подобрување на енергетската ефикасност во домовите низ околија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


