
Ознаката @rfmhandball која се користи за секоја објава за Македонија на официјалниот Твитер профил на ЕП 2018, ги натера колегите од Офсајд на Офнет да ѕирнат што твитаат нашиве за Европското.
Со еден клик офнетовци се нашле на Твитерот на ракометната федерација на Македонија, а таму ништо не нашле – ниту основна информација дека годинава се одрува Европско првенство на кое и Македонија учествува, а да не зборуваме за повеќе.

„Прво во очи ни падна сликата од репрезентација која е скроз бајата. Во составот сè уште стојат/клечат Ванчо Димовски, Мојсо, брат му на Мојсо, Диви, Вугринец и го нема селекторот Раул Гонзалес“.
Подолу, видео, се слави, но победата на Македонија над домаќинот Алжир во осминафиналето од јуниорското Светско првенство кое се играше минатото лето.
Целото патешествие на Офнет на Твитерот на РФМ ТУКА.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


