| четврток, 6 декември 2018 |

„Што прави принцот Хари со глупава глумица за која никој не знае“ (фото)

Водачот на британската еуроскептична партија УКИП во неделата е повикан да се повлече од должноста, откако весникот Mail on Sunday објавил дека неговата девојка испратила расистички пораки за свршеницата на принцот Вилијам, Меган Маркл (36).

Хенри Болтон (54) минатата година станал четврти водач на партијата за една година. Партијата имала големо влијание на референдумската одлука за Брегзит.

Болтон околу Божик завршил во таблоидите бидејќи ја оставил сопругата поради 25 годишен модел и членка на УКИП, Џо Марни. Mail on Sunday објавил низа пораки кои Марни ги испратила на пријател, а во кои навредливо ги коментирала Меган и црнците.

Весникот потоа го објавил и нејзиното извинување бидејќи таа сега тврди дека нејзините коментари се ’извлечени од контекстот’.

Бил Етерхејџ,член на УКИП и застапник во Европскиот парламент рекол:

-Дојде време Хенри Болтон да поднесе оставка на местото водач на УКИП. Тој мора да си замине и тоа бргу и колку е можно потивко.

Марни напишала дека Маркл, американска глумица, чија мајка е црнкиња, а таткото белец „ќе фрли дамка“ на кралското семејство, а во друга порака заклучила дека никогаш не би имала полови односи со „црнец“ бидејќи се „грди“.

-Што прави тој со глупавата глумица за која никој не слушнал? Па ова е Британија а не Африка, напишала Марни.

Меган и принцот Хари ќе се венчаат на 19 мај.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top