Четири лица се посериозно, а едно полесно повредено, во две одвоени сообраќајни незгоди што вчера во растојание од околу еден час се случиле на две места во Тетовско. Причинета е и вкупна материјална штета од околку 250 илијади денари.
Како што денеска информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски, првата сообраќајка се случила околу 18 часот и 15 минути на железничкиот премин кај фабриката Тетекс кога патничкиот воз што сообраќал на релација Скопје – Тетово – Кичево, управуван од Р.Ц(54) од Скопје, налетал и удрил во такси возило „Сеат Кордоба“ со тетовски регистарски таблички управуван од М.А.(46) од Мала Речица, а во кое имало уште три лица. Од ударот таксистот и двајца сопатници А.А.(18) и Ф.А.(18) се здобиле со тешки телесни повреди. По укажаната лекарска помош во тетовската клиничка болница биле упатени на клиниките во Скопје додека третата сопатничка Ш.А.(45) по укажаната помош во Тетово била пуштена на домашно лекување. Материјалната штета првично се проценува на околу 150 илјади денари.
Втората сообраќајка се случила еден час подоцна на регионалниот пат Тетово – Јажинце во Теарце. Автомобил Пежо 306 управуван од П.Б.(44) од Беловиште удрил во моторцикл Јамаха без регистарски таблички што го управувал Н.А.(39) од Отушиште. Во судирот моторџијата задобил тешки телесни повреди и тој по укажаната помош во Тетово бил упатен кон клиниките во Скопје. Материјалнта штета во втората сообраќајка се проценува на околу 100 илјади денари.
И на двете места, изјави Јосифовски, бил извршен увид и се работи на расчистување н причините како дошло до сообраќајките.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Обид за убиство во Тетово
-
Монструозно насилство утринава во Тетово: Маж ја прободел својата вонбрачна жена во градите, вратот, грбот и дланките
-
Пред сендвичарница во Тетово го прободел со нож: Момчето е итно пренесено во Скопје
-
Зошто некој сакаше успешна акција на специјалците во МВР да остане незабележана?


