Усвојувањето на Законот за употреба на јазиците од страна на македонското Собрание го поздрави шефот на косовската држава Хашим Тачи. Според него, тоа е „високо демократско постигнување за соседната земја, која меѓу првите ја призна независноста на Косово“.
„Унапредувањето на политичките права на Албанците во Македонија гарантира многу поголемо граѓанско и етничко единство во соседната република. Им честитаме на албанските граѓани за ова политичко, административно и културно постигнување“, напиша Тачи на својот Фејсбук профил. Според него, усвојувањето на Законот е значаен чекор од Охридскиот договор кој уште повеќе ги зајакнува соживотот и европската перспектива на Македонија.
И претседателот на косовскиот парламент Кадри Весели на Фејсбук му честиташе на македонскиот парламент за изгласањето на законот за албански јазик. Тој оценува дека ова е многу значаен чекор во исполнувањето на легитимните права на албанскиот народ во Македонија и дека ќе придонесе во зајакнувањето на демократијата, еднаквоста и етничката хармонија во Македонија.
„Изгласувањето на овој закон претставува големо постигнување во целосната реализација на обрските од Охридскот договор и од стадрадите барани во рамки на европската интеграција“, напиша Весели на Фејсбук.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


