
Сопственикот на опожареното кафуле „Галери хаус паб“ во изјава за медиумите тврди дека лицето кое му го запалило кафулето претходни му се јавило, се виделе и од него побарало рекет.
На прес конференцијата, сопственикот го откри и името на рекетарот, кој се викал Коко, а зад кого наводно стоеле важни луѓе.
Во меѓу време полицијата трага по непознато лице кое ноќеста подметна пожар во кој целосно изгоре кафулето, „Галери хаус паб“ во строгиот центар на Прилеп.
Според Лефтерија Миленкоска, портпарол на СВР Битола полицијата работи на расчистување на случајот.

– Полицијата и прилепскито јавно обвинителство прават увид на местото на големиот пожар во центарот на Прилеп во кој изгоре кафулето „Галери хаус паб“. Се трага по непознатото лице кои со запалива течност го подметнал пожарот. Прво, стихијата ја зафатила надворешната метална конструкција, а потоа огнот се проширил на приот и вториот кат. Екипи составени од полицијата, јавното обвинителство и стручни лица се уште прават увид на местото на пожарот, вели Миленкоска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


