| четврток, 6 декември 2018 |

Деветмина убиени при масовно бегство од затвор во Бразил (ФОТО)

Девет затвореници се убиени, а стотина побегнаа при бунт во затвор во бразилската сојузна држава Гојас, во централниот дел на земјата.

Бунтот во затворот почнал како судир меѓу две затворски банди, но набргу се претворил во општо бегство.

На стражарите им биле потребни два часа да ја стават состојбата во затворот под контрола и да започнат потера по побегнатите затвореници, при што успеале да уапсат само 30-ина од нив.

Други 127 затвореници, исто така, побегнале, но потоа доброволно се вратиле во затворот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top