| четврток, 6 декември 2018 |

Првите битолчани во 2018 се машки близнаци

Одделението за неонатологија при Клиничка болница-Битола соопшти дека точно на полноќ, на 1 јануари, првите новороденчиња се машки близнаци.

Близнаци на свет ги донесе мајката Александра Стрезовска од битолското населено место Бистрица, а во текот на новогодишното дежурство во битолската Клинична болница регистрирани се девет новороденчиња, кои според востановената традиција денес ги посети градоначалникот на Битола.

-На сите им посакувам здравје и долг живот. Посакувам родителите да им се радуваат и да ги израснат во личности кои што зад себе ќе оставаат траги и бележат успеси, рече меѓудругото градоначалничката на општина Битола, Наташа Петровска за време на посетата во Одделението за неонатологија.

Портпаролот на Клиничка болница-Битола, Сузана Коневска на средбата со новинарите информираше дека во Службата за ургентна медицина во текот на новогодишната ноќ, регистрирани биле 60 лекарски интервенции, а кај неколку малолетни деца и заради пијанство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top