Министерството за внатрешни работи ја потврди кражбата во домот на новинарот Томислав Кежаровски.
„На ден 01.01.2018 година во 04,00 часот утринава Т.К. од Скопје пријавил во Полициската станица од општа надлежност Аеродром дека во текот на ноќта непознат сторител преку балконска врата влегол во неговата куќа на улица “Жорж Бизе“, при што направил претурање по собите и притоа одзел два лаптоп компјутери, два рачни часовника, една нараквица и еден мобилен телефон. Увидна екипа извршила увид на лице место и се работи на расчистување на случајот“, соопштија од МВР.
Претходно, сопругата на Кежаровски, Марина Кежаровска, на нејзиниот фејсбук профил извести за кражбата и сподели фотографии во каква состојба го затекнале домот.
„Двата лаптопа на Томче се земени, мобилен со германскиот број е земен, а другите постарите не се земени. Таблет не, компјутерот на ќерка ми не, погодете сами што барале. Во собата на ќерка ми само претурале, одземени се два часовинци и две ланчиња. Од мене земен е часовник и алка. Грабеж ама и не треба да личи многу на грабеж, нели?“, напиша на социјалните мрежи сопругата на Кежаровски, Марина Кежаровска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


