Жителите и туристите во Њујорк ја дочекаа Новата 2018 година на плоштадот „Тајмс сквер“ на минус 12 степени со традиционално спуштање на кристалната кугла, конфети и величествен огномет.
Сепак, за разлика од минатите години имаше помал број присутни.
На централната прослава настапи Мараја Кери.
Прославата беше со традиционалното спуштање на кристалната кугла Вотерфорд која оваа година имаше 3,5 метри во пречник и тежина од 5,385 кг. Беше обложена со 2.688 триаголници кои менуваа боја како калеидоскоп под силно осветлување.
Безбедноста беше засилена при што гаражите во околина на „Тајмс сквер“ беа затворени. Илјадници полицјаци беа на улици, а бетонски блокови и комунални камиони блокира апристап на возила во безбедносна зона во која беа граѓаните кои претходно мораа да поминат низ десетина безбедносни контроли.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)