| четврток, 6 декември 2018 |

Претседателот Иванов ќе ги посети војниците во касарната Чојлија

Претседателот на Република Македонија и врховен командант на вооружените сили, Ѓорге Иванов придружуван од началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски ќе ги посети припадниците на АРМ во касарната „Чојлија“.

За време на посетата, Иванов на припадниците на АРМ кои извршуваат должност во оваа касарна за време на новогодишните празници ќе им ја честита Новата 2018 година, а на единицата со која ќе има заеднички ручек ќе и додели телевизор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top