Оваа година ќе започне со едно ново ниво на енергија кое кај вас не било присутно со години. Ќе имате севкупен напредок во секоја сфера од животот. Свесни сте дека на крајот од тунелот има светло. Ќе зрачите со позитивна енергија и тоа многу ќе ви помогне да ги решавате вашите проблеми.
Љубов
Важни детали кои до сега не ви биле јасни , ќе дојдат до израз во вашиот љубовен живот. Немојте да бидете импулсивни со вашиот партнер. Напишете ги на лист хартија добрите и лошите работи пред да донесете било каква одлука. Не брзајте да ја прифатите понудата за брак. Некои Стрелци мислат дека потрагата по идеален партнер трае премногу долго, но продолжете да барате, бидејќи оваа е среќна година за вас.
Работа и пари
Истакнете ја креативноста во прв план. Научете како да се справувате се со вашите обврски со леснотија и достоинство. Не верувајте никому и бидете секогаш со резерва. Можни се многу празни ветувања. Бидете поддршка на колегите бидејќи тие ќе ви бидат најпотребни кога ќе добиете унапредување. Ќе имате постојано трошоци во текот на целата година. И кога ќе мислите дека сè сте завршиле со исплаќањето, ќе налетате на нови трошоци. Обидете се колку што е можно повеќе да заштедите и да избегнувате непосакувани трошоци.
Здравје
Припадниците од посилниот пол во знакот на Стрелец ќе бидат полни со енергија во текот на целата година. Ќе имате многу барања од страна на пријателите и семејството, но дадете им до знаење дека не можете да ги исполнувате секогаш. Без грижа, 2018-та нема да има значителни последици по вашето здравје.
извор: idividi.com.mk
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.