Петнаесетина поранешни војници на АРМ што пред повеќе од една година останаа без работа битката за егзистенција сега ја водат со бугарски пасоши, најчесто како возачи на камиони низ патиштата во европските земји, објави порталот МКД.МК повикувајќи се на независниот синдикат на професионални војници.
Независниот синдикат на професионалните војници тврди дека секој ден се зголемува бројот на оние отпуштени војници кои неможеќи да најдат работа во земјава вадат бугарски пасоши и ја напуштаат Македонија. Некои од војниците кои имаат и по повеќе од десет години стаж, а беа отпишани од АРМ, сега чекаат лиценци за обезбедување или пак возачки дозволи, а ги добиваат преку „Лепеза„ програма поддржана од Кралството Норвешка која треба да им овозможи преквалификација и можност за ново вработување.
Tоа се оние 120 припадници кои беа отпуштени од АРМ кога наполнија 38 години и тоа непосредно пред да бидат направени измените во Законот за служба во АРМ со кој нивните колеги добија шанса да останат во армијата до 45 години. Неправдата после четири години не успеаја да ја исправат, иако преку Независниот синдикат на професионалните војници бараа решавање на нивниот статус кај тројца министри за одбрана, од кои добија само лажни ветувања. Прво, како што велат од поранешниот министер за одбрана Зоран Коњановски кој дури и написмено им дал надеж дека ќе бидат вклучени во активната резерва и дека месечно ќе добиваат по околу 7.500 денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Европа го освои „Лејвер купот“ (Видео)
-
ВМРО-ДПМНЕ: Македонија ќе оди напред во ЕУ и во НАТО, но без Заев
-
Студен бран од Сибир ја зафати Европа: Неверојатно ниски температури во Франција, Италија, Полска, тројца починаа од студ (фото)
-
Во Австралија беснее грип поопасен од свинскиот – се шири и кон Европа



