| четврток, 6 декември 2018 |

Над 20.000 граѓани заминале на продолжен викенд во Грција

bogorodica D Andonovski_12

Од вчера попладне зголемена е раздвиженоста на патници на граничните премини Богородица и Дојран.

Фреквенцијата на патници на граничниот премин Богородица и утрово беше зголемена поради продолжениот викенд на нашите граѓани, но и поради сезоната на годишните одмори.

Помошникот командир на „Богородица“, Игор Илиевски соопшти дека утрово од 6 до 9 часот поминал ударниот бран на патници. Заклучно до 10 часот на „Богородица“ ја минале вкупно 7.300 патници, од кои 5.500 на излез од земјата, а 1.800 на влез во Македонија.

Тој информира дека работеле сите седум ленти на граничниот премин и дека автомобилите и автобусите се задржувале најдолго до 30 минути за контрола на документите и обавување на царинските формалности. Нагласи дека во текот на вчерашниот ден македонско-грчката граница на „Богородица“ ја минале 16.000 патници.

За разлика од вчера, денеска беше пораздвижено на граничниот премин „Дојран“. Надлежните информираа дека утрово до 10 часот границата ја минале вкупно 1.516 патници, од кои дури 1.442 на излез од Македонија и само 74 на влез во земјата. Таму во просек автомобилите и автобусите се задржуваа околу пет минути.

Моментно на двата премини границата се минува без поголемо задржување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top