Четириесет и три годишен жител на село Шопско Рудари, кратовско пред селската коопреација во село Сакулица му го грабнал од раце бастинот на 78-годишен дедо и со него го претепал. Старецот бил однесен во кратовската амбуланта, а поради сериозноста на повредите бил префрлен во кумановската болница
Според МВР, вчера околу 16,00 часот, во село Сакулица-кратовско пред продавница, И.М. (43) од село Шопско Рудари – кратовско, под дејство на алкохол, при распаравија со С. И. (78) од село Татомир-кратовско, со бастун го удрил неколку пати во пределот на телото, при што му нанел тешка телесна повреда на десната рака. С.И. е пренесен во ЈЗУ„Здраствен Дом“-Кратово, каде му е укажана лекарска помош а потоа e упатен во Медицинскиот центар во Куманово. Од страна на ПС-Кратово во тек се мерки за расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



