| четврток, 6 декември 2018 |

Мега – засилување за Клоп: Вирџил ван Дајк е нов фудбалер на Ливерпул

Холандскиот дефанзивец, Вирџил ван Дајк е нов играч на Ливепул. „Црвените“ за невоите услуги ќе платат 75 милиони фунти со што ван Дајк ќе стане најскапо платениот дефанзивец во светот.

По преговорите кои ги водеа челниците на двата клуба, Ливерпул се согласил да ја исплати бараната сума, а ангажирањето на 26-годишниот холандскиот фудбалер го потврдија и од тимот од „Енфилд“.

Минатото лето Ливерпул испрати формална понуда до Саутемптон, во износ од околу 60 милиони фунти, која екипата на Саутемптон веднаш ја одби. Што се однесува до личните услови од договорот на Холанѓанецот, тој ќе заработува околу 180.000 фунти неделно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top