| четврток, 6 декември 2018 |

Маж загина во несреќа во делчевско Град

Во несреќа со запрежна кола натоварена со дрва животот го изгуби 75-годишниот Симеон Маринков од делчевското село Град.

Како што информираат од СВР Штип, случајот во ПС во Делчево бил пријавен во 20.15, а телото на починатиот било пронајдено под запрежната кола натоварена со дрва од страна на жители од селото во месноста Момин Дол во атарот на селото Град.

– Надлежни екипи извршија увид на местото на несреќата, а доктор од Итната медицинска помош од Делчево извршил преглед на телото на починатиот и установил политрауми, односно пореди на главата, кичмата, градниот кош, внтарешно и надворешно крвавење. Причините за несреќата дополнително ќе се утврдуваат, рече Панајотова.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top