
Во северната кинеска пораина Хебеи завршена е изградбата на најдолгиот стаклен мост на светот, а првите посетители во неделата имале прилика да минат по новото здание. На свеченото отворање на мостот дошле дури 3 000 луѓе.

Овој несекојдневен мост, ќе ги поврзува Пингшан и едно мало туристичко место. За изградбата на мостот биле искористени 1.077 стаклени панели, од кои секој бил со дебелина од четири сантиметри.

Мостот е долг 488 метри, широк е четири метри, а не него во исто време може најмногу да има 500 луѓе.

Како што пишува еден кинески весник, првите кои ја имале честа да зачекорат на овој мост биле преплашени и им требало маллку помош за да се охрабарат. Сепак, се минало во најдобар ред на отворањето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


