
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски започна со средбите со своите сопартијци во општинските комитети. Вечерва тој на својот фејсбук профил објави фотографии од средбата со Општинскиот комитет Бутел.
Мицкоски до фотографиите напиша:
На состанок со членовите на Општинскиот комитет Бутел. Ова е одлична можност да ги слушнам барањата и потребите на нашите членови, да размениме мислења за актуелните политики и нивните мислења за понатамошните чекори. Воедно да ја споделам мојата визија за развој на ВМРО-ДПМНЕ, која е визија базирана на вистинскиот мотор на партијата општинските комитети, и визија која ќе одговори на потребите и очекувњата на реалниот човек.
Заеднички констатиравме дека државата се соочува со економско фијаско, граѓаните се разочарани, народот осиромашува, а младите ја губат перспективата, консеквентно на тоа иднината е загрозена. Проблемите се заеднички, а решенијата ги нема. Изневерени се очекувањата од владата, а ВМРО-ДПМНЕ ја има обврската да понуди решенија, кои подразбираaт пред се цврста економија и повеќе пари за граѓаните, подобро образование, квалитетно здравство. Да ја надминеме општествената запуштеност пред да биде предоцна. Потребно е работа и создавање на услови за пристоен живот за граѓаните. Оваа битка допрва почнува.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


