| четврток, 6 декември 2018 |

По објавувањето на октомвриската плата К-15 зголемен за 900 денари

Газдите на приватни компании кои се уште не исплатиле К 15, сега на сметките на своите вработени ќе треба да префрлат околу 900 денари повеќе отколку кога уплатата на регресот за годишен одмор би ја направиле минатата недела. Минималната сума за К-15 сега изнесува 10.066 денари, за разлика од претходните 9.175 денари. Вредноста на минималниот регрес за годишен одмор се искачи откако во петокот Државниот завод за статистика го објави најновиот податок за просечната нето-плата по работник, со што во пресметката на К 15 влезе и октомвриската плата, која е за четири проценти поголема од претходната.

Според Законот за роботни односи и Општиот колективен договор за стопанството, минималниот К 15 се пресметува како 40 проценти од просекот на трите последни просечни нето плати по работник, објавени од Државниот завод за статистика. Така. до минатата недела К 15 се пресметуваше според просекот на јулската, августовската и септемвриската плата, кој изнесуваше 22.751 денар. Но, пресметката за К 15 сега се прави врз основа на просекот на августовската, септемвриската и октомвриската плата, кој изнесува 23.165 денари.

Сепак, со Колективниот договр им се дава можност на сопствениците на фирмите на своите враобтени да им исплатат и помалку пари од овој предвиден минимум, но само ако се во тешка финансиска состојба и ако за тоа имаат потпис од синдикалецот или претставникот на раобтниците во претпријатието. Исплатата им следува на сите работници кои во една фирма биле вработени најмалку шест месеци во календарската година, а мора да се изврши до крајот на годината. Во спортивно, работодавецот ризикува да биде казнет со парична или казна затвор.

 

Извор: Вечер пресс

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top