„Почувствувај ја Словенија“, е мотото со кое Словенците се подготвуваат да ги пречекаат вљубениците во кошарката, од 4. до 22. септември на Евробаскетот. Словенија ќе ги отвори вратите на четирите спортски сали во Јесенице, Копер, Цеље и Љубљана.
Во финишот на подготовките за најпрестижниот спортски настан во историјата на самостојна Словенија, „Телеком Словеније“ одлучи да застане зад настанот и да обезбеди максимална поддршка за негова успешна реализација. Македонската подружница на словенскиот Телеком, телекомуникацискиот оператор ОНЕ е силен поддржувач на спортот, а особено на македонската кошарка.
Четврта година по ред ОНЕ е официјален спонзор на Македонската Кошаркарска Репрезентација, која на претходното Европско првенство во Литванија пред две години го постигна најголемиот успех во историјата на колективните спортови кај нас со пласман на 4. место.
Легендата на словенечката кошарка, Иво Данеу, ни беше гостин денеска и изрази надеж дека Македонија и Словенија ќе се најдат меѓу четирите најдобри селекции во Европа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



